Министерот за спорт на Русија, Виталиј Мутко изјави дека ФИФА ќе дозволи спроведување на натпревари од светското фудбалско првенство во 2018 година на стадиони кои собираат 35.000 луѓе.
„Ова решение не се однесува на арените каде ќе се одржи првиот натпревар, полуфиналињата и финалето. За промена на капацитетот на другите арени засега е рано да се зборува. Засега се придржуваме на концепцијата, според која тие треба да имаат не помалку од 45.000 места“, изјави Мутко.
Новиот стандард за минимален капацитет на арените се појави откако стана јасно дека основниот приход ќе го носат преносите на телевизиските канали, а не продажбата од билетите“, ги пренесува ИТАР-ТАСС зборовите на рускиот министер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче