Русија смета дека истрагата за падот на Боингот 777 на истокот на Украина мора да има меѓународен карактер. Ова на седницата на Советот за безбедност на ООН го изјави амбасадорот на Русија во ООН, Виталиј Чуркин. Дипломатот истакна дека треба да се објави снимката од разговорот меѓу украинските авио-диспечери непосредно пред катастрофата.
Истовремено се очекува извештајот за истрагата да биде објавен до крајот на месецот.
По иницијатива на Русија е одржана седница на Советот за безбедност, посветена на истрагата за падот на Боингот 777 на истокот на Украина. Руската делегација изјави дека истрагата мора да има меѓународен карактер. Ова го изјави амбасадорот на Русија во ООН, Виталиј Чуркин, пренесува ИТАР-ТАСС.
Според неговите зборови, заменикот на генералниот секретар на ООН, Оскар Фернандез Таранко, кој зборуваше на седницата, не изнесе важни информации. „Но нам би ни било важно уште еднаш да се стави акцентот на неопходноста за обезбедување на меѓународниот карактер на истрагата“, изјави дипломатот.
Чуркин истакна дека на Русија „не ѝ е јасно“ која улога во истрагата ја има Организацијата за меѓународна цивилна авијација (ICAO), чие учество е предвидено со резолуцијата на Советот за безбедност 2166. „Сега, колку ни е познато, ICAO стои настрана околу истрагата“, изјави Чуркин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче