Медиуми: Финска повторно се најде помеѓу Русија и Западот

Финска повторно се најде меѓу Русија и Западот, се кажува во статија на The Christian Science Monitor. Како што смета изданието, Финска, која до 1917 година беше дел од Руската Империја, сѐ уште не може да се ослободи од влијанието на својот „источен сосед“.

Во епохата на „студената војна“ се појави нов термин - „финскозација“, пишува изданието. Тогаш на државата ѝ дозволија да ја задржи независноста, но бараа од Хелсинки да биде воено неутрален. Според зборовите на повеќето фински експерти, тие времиња одамна ги нема. Сегашната Финска повторно е неутрална, но во надворешната политика таа е ориентирана на ЕУ, се додава во забелешката.

Според мислењето на изданието, во моментов Хелсинки и Москва се поврзани, пред сѐ, преку економските односи, а со западните држави Хелсинки е политички поврзан.

Претходно беше соопштено дека продуктите кои биле наменети за извоз во Русија се продаваат во Финска по намалена цена. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња