ФИФА ѝ советуваше на Русија да го намали бројот на градови-домаќини на СП 2018

Претседателот на ФИФА, Јозеф Блатер за време на средбата со претседателот на Русија, Владимир Путин предложи да се намали бројот на градови-домаќини на светското фудбалско првенство во 2018 година.

Претседателот на ФИФА, Јозеф Блатер за време на средбата со претседателот на Русија, Владимир Путин предложи да се намали бројот на градови-домаќини на светското фудбалско првенство во 2018 година.

Одлуката ќе биде донесена откако ФИФА ја процени состојбата на стадионите и ги избере најдобрите од нив.

Претседателот на ФИФА, Јозеф Блатер минатиот викенд го посети Сочи и разговараше со претседателот на Русија, Владимир Путин, министерот за спорт, Виталиј Мутко и претседателот на организацискиот комитет, Алексеј Сорокин за деталите околу подготовките за светското фудбалско првенство во 2018 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња