Министерот за одбрана на Бугарија, Велизар Шаламано најави создавање програма за намалување на зависноста на земјата од оружјето и компонентите од руско производство, јавува порталот vz.ru.
Како причина за оваа одлука министерот ја наведе високата цена, комплицираното сервисирање и корупција за време на купувањето техника од Русија.
Во рамките на програмата, која треба да се реализира до 2020 година, Бугарија планира да потроши 680 милиони долари за купување повеќенаменски ловци произведени во земјите на НАТО, како замена за руските авиони МиГ-21, МиГ-29 и Су-25, кои во моментов земјата ги поседува.
Освен тоа, Бугарија планира да купи една подморница и неколку бродови за својата воена морнарица.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче