Руските космонаути Александар Скворцов и Олег Артемјев ги отворија вратите на Меѓународната вселенска станица и започнаа со работа во отворена вселена. Тие на површината на МВС поминаа шест часа.
Меѓу другото, тие извршија мануелно лансирање на наносателитот „НС-1“ во рамките на образовната програма „Радиоскаф“.
Скворцов и Артемјев, исто така, инсталираа и научна апаратура за експериментот "Expose-R", кој има за цел проценка на долготрајното дејство на вселенската средина врз бактериите, животните и билките.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче