Турција се подготвува за зголемување на извозот на производи во Русија

Турција се подготвува за зголемување на обемот на извоз во Русија, пишува The Wall Street Journal.

Турција се подготвува за зголемување на обемот на извоз во Русија, пишува The Wall Street Journal.

Според податоците на весникот, станува збор за извоз на овошје, зеленчук и млечни производи.

„Турција нема енергетски ресурси како Русија, но има земјоделство, вода. Ние треба да работиме со нив и да ги продаваме нашите производи“, изјави претставникот на стопанската комора на Истанбул, Ахмет Озер.

На 7 август Русија воведе увозни ограничувања кон државите кои воведоа санкции против Русија: САД, ЕУ, Австралија, Канада и Норвешка. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња