Загубите на австриската економија од повратните санкции од страна на Русија изнесува 4,5 милиони евра, соопшти министерот за земјоделство на Австрија, Андре Рупрехт.
Тој нагласи дека мерките на Русија за забрана на увозот на овошје и зеленчук од ЕУ и САД најмногу се одразиле на оние производи кои се специјално произведени и спакувани за рускиот пазар.
Според оценките на експертите, Австрија ќе изгуби околу половина од сите приходи од извозот на аграрната продукција во Русија. Минатата година овој показател изнесувал 240 милиони евра.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче