Конвојот со хуманитарна помош од Руската Федерација наменета за истокот на Украина ќе остане во подрачјето на градот Каменск-Шахтинск во Ростовската област уште неколку дена, соопшти министерството за вонредни состојби на Руската Федерација.
Датумот и времето на заминување на 280 бели Камази со две илјади тони товар накај границата со Украина не се дефинирани.
На паркингот се создадени услови за одмор на возачите и припадниците на министерството за вонредна состојба, кои го спроведуваат конвојот. Веќе се наместени шатори, организирана е исхрана, обезбедена е вода, пиење и тушеви.
Претходно украинските цариници и граничари започнаа со контрола на хуманитарниот товар на пограничниот премин Донецк на територијата на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.