Индија ќе купи три авиони од Русија за радиолокациско разузнавање

Индија планира да купи од Русија три авиони за радиолокациско разузнавање А-50, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на извор во Воено-индустриската комисија при владата на Русија.

Индија планира да купи од Русија три авиони за радиолокациско разузнавање А-50, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на извор во Воено-индустриската комисија при владата на Русија.

„Со Индија се разгледува можноста за испорака на уште три авиони А-50“, соопшти изворот.

Според податоците на изворот, се планира нарачка на авиони кои Индија веќе ги има купено од Русија во 2003 година. Се забележува дека после завршувањето на испораката на авионите, ќе биде потпишан договор за нивен сервис.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња