Русија ќе ги возобнови испораките на свинско месо од Кина

Русија ќе продолжи со испораките на свинско месо од Кина, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на раководителот на Федералната служба за фитосанитарна и ветеринарна контрола, Сергеј Данкверт.

Русија ќе продолжи со испораките на свинско месо од Кина, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на раководителот на Федералната служба за фитосанитарна и ветеринарна контрола, Сергеј Данкверт.

„После работата со кинеските од колеги од март годинава, донесено е решение за можноста за испорака на свинско место од Кина. За почеток две до три претпријатија ќе започнат со трговија, со можност за проширување на тој список“, забележа Данкверт.

Според мислењето на изворот, претпријатијата кои ќе се занимаваат со извоз во Русија ќе бидат објавени во јавноста наскоро. Освен тоа, раководителот на установата изјави дека испораките ќе се возобноват само доколку се почитуваат биолошките норми за безбедност. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија