Русија не планира да ја враќа „железната завеса“ и да се затвора од странските инвеститори. Како што пренесува ИТАР-ТАСС, ова го изјави вицепремиерот на Русија, Дмитриј Рогозин.
„Немаме задача да ја вратиме државата во времето на изолации, да ја спуштиме “железната завеса“. За технологиите, за одбраната тоа би било катастрофа“, изјави Рогозин на пленарното заседание на форумот „Оборонекспо-2014“.
Тој исто така изјави дека државната програма за вооружување ќе биде исполнета навреме и покрај санкциите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.