Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека Русија ќе дејствува исто како и САД околу прашањата за излегување од меѓународните договори во случај да се појави потреба од тоа, пренесува „Интерфакс“.
„Јас не разбирам зошто се потребни некакви специјални механизми за излегување од договорите. Еве, на пример, САД еднострано излегоа од договорот за ограничување на стратешки вооружување. Колку и да ги убедувавме – никаков резултат од тоа немаше“, изјави Путин.
Според неговите зборови, САД „дејствуваат онака како што најмногу им одговара во корист на нивната национална безбедност“.
„И ние ќе го направиме истото кога ќе сметаме дека тоа ќе биде потребно за нашата безбедност и интереси“, подвлече шефот на руската држава.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче