Забраната за купување на производи од странство во Русија е оправдан и не ги нарушува правилата на СТО, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин за време на средбата со членовите на фракциите на политичките партии во Државната дума. Ова го пренесува ИТАР-ТАСС.
Шефот на руската држава појасни дека во рускиот договор за приклучување кон Светската трговска организација е наведено дека во случај да треба да се заштити безбедноста на државата, Русија може да се реши на одредени ограничувања, што и беше направено.
Путин подвлече дека е неопходно да се направат договори со неколку држави за трговија, но тоа да се изврши користејќи ги националните валути.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.