Влијанието на руското ембарго, воведено како одговор на санкциите на Западот, може да биде поголем од прогнозираното, пишува Delfi, повикувајќи се на заедничката изјава на Стопанската комора и Централниот сојуз на стопанствениците на Естонија.
Руското ембарго за увоз на производи се однесува на производството на прехранбени производи, овошје и зеленчук од Естонија. Странските партнери кои увезуваат од Естонија често се откажуваат од договорите за увоз, често без никакво предупредување. Тоа ја комплицира состојбата со храната која има краток рок на трајност.
Слични проблеми имаат и летонските и литванските стопанственици. Трговците со млеко од Литванија масовно ги раскинуваат договорите со сточарите, бидејќи пазарот за литванската млечна продукција нагло се намали, пишува Delfi. Ембаргото кое го воведе Русија ќе предизвика штета и на летонската економија - 55 милиони евра, пишува весникот. Владата на земјата се надева дека штетата ќе ја надомести со помош на ЕУ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче