Доколку Индија нарача уште три фрегати од проектот 11356, ќе добие не украински, туку руски мотори, изјави на меѓународната изложба Оборонекспо висок извор во рускиот одбранбено-индустриски комплекс.
Новиот претседател на Украина, Петро Порошенко на 17 јуни забрани било каква воено-техничка соработка со Русија.
Потпретседателот на владата на Русија, Дмитриј Рогозин изјави дека Москва веќе има план како да ја замени воената продукција од Украина. Тој исто така додаде дека руската индустрија во рок од две и пол години целосно ќе ја замени продукцијата за одбранбениот комплекс која досега доаѓаше од Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче