Рогозин: Русија ќе создаде авиокомпанија само за летови на Крим

Руската влада размислува за создавање на авиокомпанија која ќе ги регулира летовите на Крим со користење на руски авиони, изјави вицепремиерот на Русија, Дмитриј Рогозин на својот Твитер.

Руската влада размислува за создавање на авиокомпанија која ќе ги регулира летовите на Крим со користење на руски авиони, изјави вицепремиерот на Русија, Дмитриј Рогозин на својот Твитер.

„Се решава прашањето за создавање на авиокомпанија која ќе го реши обезбедувањето на редовни летови на Крим со користење на авиони од руско производство“, напиша Рогозин.

Според неговите зборови, ќе биде разгледана и можноста за зголемување на руските регионални авиони, особено Ил-114.

Претходно беше објавено дека руската нискобуџетна компанија „Добролет“ се најде во списокот на санкции на ЕУ поради летови на Крим. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња