Федералната служба за државна статистика (Росстат) од 28 јули до 3 август регистрираше раст на сите потрошувачки цени на горивото во Русија. Освен тоа, Росстат објави каде во Русија е најевтин, а каде најскап бензинот.
Од 28 јули до 3 август цените на бензинот пораснале за 1,3%. Најголемото поскапување е забележано во Казањ и Иваново. Единствен град каде бензинот поевтинел е Иркутск. Таму цената паднала за 0,5% и изнесува 43 денари за литар.
Во главниот град на Русија цената на бензинот изнесува 42,5 денари за литар, а во Санкт Петербург - 41 денар за литар.
Најевтин бензин во Русија има во Омск, каде еден литар се продава за 38 денари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.