Земјите од Европската унија изјавија дека се незадоволни од одлуката на латиноамериканските држави да испорачуваат во Русија производи, чиј увоз од Европа е забранет.
Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа, во вторникот изјави дека неговата земја нема да бара дозвола да извезува во Русија прехранбени производи.
„Веднаш сакам да кажам дека нам не ни е потребна ничија дозвола да продаваме производи на нашите пријатели. Колку што ни е познато, Латинска Америка не е дел од Европската унија“, ги пренесува агенцијата Андес зборовите на претседателот на Еквадор.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.