На авио шоуто во Швајцарија нема да учествува руската авионска група „Руски витези“. Федералниот департман за одбрана на Швајцарската конфедерација ова го објасни со ограничувањето на воените контакти со Русија.
Авио шоуто AIR 14 е посветено на 100-годишнината од Воената авијација на Швајцарија, пренесува ИТАР-ТАСС. Тоа треба да се одржи на 30-31 август и 6-7 септември во швајцарскиот град Паерн.
„Дури во период на криза треба да се поддржуваат контактите. Сепак, воените контакти носат специфичен карактер, и во денешниве услови најдобро е да се покаже воздржаност. Учеството на 'Руските витези' во моментов не е пригодно“, изјавија швајцарските воени лица.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче