Русија разработува 40 технолошки проекти за создавање на оружјето на иднината, поточно оружјето од шестата генерација, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на списанието „Национална одбрана“.
„Соодветно програмата за работа на Фондот за истражувања, во моментов се води практична работа за реализација на 23 проекти. Кон крајот на годината нивниот број ќе порасне до 40. Секој проект на Фондот за истражувања е дел од создавањето на оружјето од шестата генерација“, изјави Дмитриј Рогозин во својата статија, објавен во списанието „Национална одбрана“.
Како што се соопштува, во моментов Вооружените сили на Русија користат најчесто оружје од третата и четвртата генерација, а авионот-ловец Т-50, кој е дел од петтата генерација оружје, ќе започне да се испорачува во војската во 2016 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче