Светската туристичка организација ја вклучи Русија меѓу десетте најпосетени држави во светот, се кажува најновиот список на UNWTO за 2013 година.
Лидер во рејтингот е Франција, која минатата година ја посетиле 84,7 милиони лица, што е за 2% повеќе од 2012 година. Второто место го зазедоа САД, каде заминале 69,8 милиони луца (+4,7%). На третото место се најде Шпанија, каде бројот на посетители изнесува 60,7 милиони (+5,6%).
Понатаму на листата се Кина (55,7 милиони), Италија (47,7 милиони), Турција (37,8 милиони), Германија (31,5 милиони) и Велика Британија (31,2 милиони).
Русија се најде на деветтото место со 28,4 милиони посети, пренесува The Telegraph, што е за 10,2% повеќе од 2012 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче