Генералниот директор на „Рособоронекспорт“, Анатолиј Исајкин изјави дека до крајот на годината треба да се одржат преговори меѓу Русија, Бразил и ЈАР за заедничка разработка на оружје и воена техника во рамките на БРИКС, пренесува ИТАР-ТАСС.
„Засега ние директно работиме со неколку држави, но сметаме дека е добро да се создадат проекти со учество на неколку држави. Годинава е планирано спроведување на тространи преговори меѓу Русија, Бразил и ЈАР околу прашањето за заедничко создавање оружје“, изјави Исајкин.
Тој додаде дека кон крајот на септември во ЈАР ќе се одржи најголемата меѓународна изложба на оружје во Африка.
Освен тоа, Русија до крајот на 2014 година ќе склучи договор со Бразил за испорака на противвоздушни ракетни комплекси „Панцир-С1“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче