Бразил дебело ќе профитира од т.н. увозно ембарго, пишува американското списание Forbes. Според мислењето на весникот, на самата Москва донесеното решение за забрана на увозот не ѝ е најприфатливо решение.
Претходно беше соопштено дека ограничувањето на увозот на производи од Европа, САД и Австралија може негативно да се одрази на рестораните, како и на продавниците за храна. Пред сѐ, на удар ќе се најдат рестораните од високата класа, како и продавниците од премиум-класата.
Поради тоа, Москва ќе се обрати до Бразил, земја која е најголем светски извозник на месни продукти, се кажува во статијата. Според мислењето на некои експерти, оваа ситуација е полезна за Бразил, но не е толку и за Русија. Како што забележуваат специјалистите, ембаргото за земјоделски производи негативно ќе се рефлектира на руската економија, далеку повеќе отколку на државите кон кои е воведено ембаргото.
Што се однесува до бразилската прехранбена индустрија, таа може да се искористи за зацврстување на врски со руските увозници, во надеж дека ќе ги замени западните конкуренти во иднина, кога санкциите против нив ќе бидат укинати, се кажува во статијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче