Руски научник научи да ги придвижува предметите со помош на бранови

Григориј Фалкович, научен соработник во Лабораторијата за фундаментални основи за пренесување информации при Руската академија на науки, заедно со своите колеги од Израел и Австралија се научи да управува со брановите, со чија помош придвижува предмети, се кажува во статијата, објавена во престижното научно списание Nature Physics.

Во статијата се кажува дека од страна на истражувачите е создаден специјален генератор на бранови, со чија помош може да се преместуваат предметите по површината на водата. И не само тоа, предметот може да плива и против брановите, што ја прави оваа технологија особено актуелна, на пример, за чистење на водата од нафтените дамки.

Засега научниците можат да ја користат оваа технологија за преместување на мали предмети на ограничено пространство: на пример, пинг-понг топче во базен. Научниците се надеваат дека оваа технологија практично може да се воведе и употреби за придвижување на големи површи за големи објекти.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.