Премиерот на Русија, Дмтириј Медведев изјави дека СП 2018 треба да се одржи на исто ниво како и зимската Олимпијада во Сочи.
„Веќе есенва, како што сум информиран, ќе се одржи првата инспекција на ФИФА. Русија има искуство од организирањето на Олимпијадата, и тоа доста успешно. Соодветно, и нашето светско првенство во фудбал треба да се одржи на исто ниво. Секако, не можам да гарантирам како ќе игра нашата фудбалска екипа, но останатото можеме да го направиме најдобро што можеме“, изјави Медведев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.