Бундестагот ѝ укажа на Ангела Меркел на грешките во односите со Русија

Германската канцеларка Ангела Меркел не постапува исправно кога се раководи според повиците кои пристигнуваат од САД, изјави водачот на фракцијата на Левицата во Бундестагот, Грегор Гизи во емисија на еден од германските ТВ канали.

Според неговите зборови, Европа не би требало да воведува санкции против Москва. Напротив, Европската унија треба да ги развива економските и политичките односи со Русија и да не се основа на Вашингтон, јавува порталот vesti.ru.

„Грешката на Ангела Меркел е во тоа што таа попушта пред Барак Обама“, изјави Гизи. „Американскиот претседател постојано зборува за економски санкции, но таквите мерки против Русија само нанесуваат штета нам, а не на САД. Зошто наместо санкции не можее да градиме тесни политички, економски и општествени врски со Русија? Ако ја изолираме Русија, тогаш нашето влијание ќе биде еднакво на нула“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња