Повеќето Руси (88%) не сакаат да заминат да живеат во друга држава, следува од резултатите на анкетата извршена од ВЦИОМ.
Само 11% од анкетираните ги привлекува идејата за преселба во друга земја. Од нив 22% не ја одобруваат политиката на претседателот Владимир Путин, 21% имаат високи приходи. Околу 18% живеат во Москва или Санкт Петербург, а 21% се помлади од 25 години.
Најголемиот дел од оние кои сакаат да заминат веруваат дека странците имаат повисок стандард и квалитет на живот - изјавиле 47% од потенцијалните емигранти. Русите ги привлекува и можноста за кариерен раст во странство, социјалната стабилност и подобрата клима.
Речиси половина од анкетираните кои сакаат да емигрираат не знаат каде би заминале (43%). Во следните година-две 13% се подготвени да го променат местото на живеење, а во следните три до пет години 14% од нив.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче