Воената авијација на Русија ќе ги зајакне своите формации на Арктикот, изјави во саботата главниот командант на воената авијација на Русија, Виктор Бондарев.
„Составот на единиците максимално ќе го дополниме. Засега имаме само една ескадрила, а ќе има и полкови и дивизии“, изјави Бондарев.
Тој истакна дека Русија засега не гледа ниту еден соперник на Арктикот. „Но ние сме подготвени во било кои услови да го одбраниме тој регион. Практично 49% од Арктикот треба да припаѓа на Русија и таа територија треба да ја браниме“, изјави генералот.
Русија во последниве години започна активно да ги освојува северните територии.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче