Русија го одреди списокот земји од кои ќе увезува прехранбени производи

Русија го одреди списокот на нови испорачувачи на прехранбени производи, кои треба да ги заменат производите од земјите кои се под ембарго, изјави за ТВ каналот „Русија 1“ министерот за земјоделство, Николај Фјодоров.

Министерот изјави дека овошјето и зеленчукот во Русија отсега ќе доаѓа од Азербејџан, Ерменија, Узбекистан и Таџикистан. На рафтовите на руските продавници ќе се најдат прехранбени производи и од Турција, Иран, Србија, Египет и Мароко.

Министерот Фјодоров додаде дека се отвора уште еден голем пазар во земјите на Латинска Америка, како што се Чиле, Аргентина, Еквадор, Парагвај и Перу. Сите спомнати земји се подготвени да го зголемат извозот на прехранбени производи во Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња