Познатиот глумец, Жерар Депардје изјави дека се гордее со руското државјанство, и дека ни најмалку не го загрижуваат санкциите воведени од Русија, пренесува агенцијата РИА „Новости“.
„Не сум загрижен, бидејќи тоа е само политика“, изјави познатиот глумец.
„Кога доаѓам во Русија се чувствувам слободен и сакан и се гордеам што сум нејзин државјанин“, објасни Депардје.
Жерар Депардје смета дека Русија „имала среќа“ да добие претседател каков што е Владимир Путин. „Никогаш порано не сум сретна претседател на држава кој толку ги почитува своите граѓани. Би сакал уште еднаш да нагласам дека сум исклучително горд што сум државјанин на Русија“, напомна глумецот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче