Украина ја започна процедурата за поднесување тужба против Русија во Меѓународниот суд на ООН, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на в.д. министерот за правда на Украина, Павел Петренко.
„Судскиот спор кој сега се подготвува се однесува на случувањата на истокот на земјата. Украина започна процес за поднесување тужба против Русија во Меѓународниот суд на ООН поради кршење на меѓународните конвенции за забрана за финансирање на тероризмот“, изјави Петренко, додавајќи дека Украина веќе има „цврсти докази“.
Русија повеќепати ја коментираше неоснованоста на обвинувањата во врска со ескалацијата на конфликтот во Украина, упатувајќи и нагласувајќи дека не учествува во украинскиот конфликт и дека не пружи помош на доброволците.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче