Кремљ не ја исклучува можноста за одржување на средба меѓу претседателите на Русија, Ерменија и Азербејџан на 10 август во Сочи, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
Како што беше соопштено претходно, Владимир Путин, Серж Саргсјан и Иљхам Алиев се почесни гости на турнир во Сочи.
„Не е исклучено дека ќе се одржи трилатералната средба“, изјави Песков.
Според неговите зборови, сите страни изразуваат загриженост поради растот на судирите во Нагорно Карабах.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.