Мексико наскоро ќе ги возобнови испораките на месо во Русија

Преговорите меѓу Мексико и Федералната агенција за ветеринарна и фитосанитарна контрола во Русија продолжуваат, и на скоро се очекува возобновување на испораките на месо од Мексико во Русија, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на одговорното лице за односи со јавност при мексиканското министерство за земјоделие, Бланка Палафокс.

„Произведувачите на месо во Мексико можат да извезуваат месни производи со највисок квалитет веднаш откако владата на Русија даде дозвола за тоа“, изјави Палафокс, повикувајќи се на шефот на министерството за земјоделство, Енрике Мартинес.

Претходно беше соопштено дека Москва воведе целосна забрана за испорака на говедско, свинско месо, птичјо месо, кашкавали, млеко и овошје и зеленчук од Австралија, Канада, ЕУ, САД и Норвешка во период од една година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња