Санкциите на Русија, воведени против неколку западни држави, даваат храна за размислување, пишува The Times. Претходно беше објавено дека Москва го забрани увозот на говедско, свинско и птичјо месо, како и морски продукти, млечни производи, овошје и зеленчук од САД, Европската унија, Канада, Австралија и Норвешка.
Според мислењето на весникот, таквото решение на Москва сигнализира за можен почеток на трговски натпревар кој радикални ќе ги промени односите меѓу Истокот и Западот.
The Financial Times, од своја страна смета дека ќе дојде до „трговска војна“ меѓу Русија и Западот. Весникот пишува дека забраната за увоз е далеку поголема и поостра од предвидувањата на некои економисти и набљудувачи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче