Дискусијата околу политиката на Кремљ во Украина ја подели Германија, но наместо да се води бесконечен спор, пишува Der Spiegel, германските политичари треба да се запрашаат: а што имено создава конфликтот со Русија?
Конфликтот е опасен уште од самиот почеток, тврди изданието. Во Украина се појави противречност меѓу односот кон западните вредности и кон сопствениот идентитет. Западот се вмеша во него, не земајќи ги предвид ниту интересите на самите Украинци, ниту интересите на Русија. За Европа приоритет се западните вредности, но тоа е решено во Берлин и Брисел, а не во Киев, пишува весникот.
„Поминаа осум, девет месеци од почетокот на кризата. Од брзината со која Русија и Западот ги заоструваат односите, едноставно се појавува страв. Каде ќе прекинат?“, прашува списанието, пренесувајќи мислење на друг политичар дека засилувањето на санкциите означува дека ритуалното принесување жртви е заменето со реална политика.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче