Американските компании Boeing и United Technologies започнаа со купување големи количини титански делови од Русија, пишува The Wall Street Journal, повикувајќи се на извор. Резервите кои ги прават овие компании се мерка во случај украинската криза да се рефлектира и на испораките на рускиот произведувач ВСМПО-АВИСМА, забележува весникот.
Како што забележува весникот, компаниите се зафатиле со создавање резерви уште во март (после приклучувањето на Крим кон Русија), но тоа станало јавно дури сега.
Санкциите против Москва досега не ја опфатиле трговијата со титан, но американските компании во вселенската сфера, сепак, се најдоа во тесна ситуацијата. Boeing и united Technologies се големи испорачувачи за армијата на САД и имаат длабоки трговски врски со една од најголемите одбранбени компании во Русија, пишува весникот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче