Претставник на Главниот штаб на Воено-морските сили на Русија изјави дека во Баренцовото море е откриена подморница на Воено-морските сили на САД.
„Подморницата од класа 'Вирџинија', во сопственост на ВМС на САД, беше откриена на 7 август од дежурните сили на Северната флота во водите на Баренцовото море“, изјави тој.
Според неговите зборови, контактот со американската подморница траел 27 минути, а потоа таа го напуштила пограничниот реон.
„Во реонот со цел за барање и следење беше испратена ударна група, како и противподморнички авион Ил-38. Со активните дејства на силите на Северната флота, подморницата беше приморана да го напушти пограничниот реон на Руската Федерација“, подвлече претставник на штабот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче