Украина може да го забрани транзитот на нафта низ нејзината територија

Предлог-закон, подготвен од владата на Украина, предвидува можност за воведува на 26 видови санкции против Русија, вклучувајќи и прекин на транзитот на енергенси и транзитни прелетувањата на територијата од страна на руските авиокомпании, изјави премиерот на Украина, Арсениј Јацењук, а пренесува „Газета.ру“.

„За воведување санкции владата на Украина одобри проект на закон за санкции. За прв пат во историјата на Украина како држава применуваме санкции кон странски субјекти кои вршат криминал против нашата држава. Според законот, Украина има право да примени 26 видови санкции“, изјави Јацењук.

Јацењук додаде дека Украина може да изгуби 7 милијарди долари во текот на годината како резултат на можната примена на санкции против Русија. Поради тоа тој напомна дека Украина има потреба од европските пазар и помош од западните држави. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња