Последици од санкциите: Финска се плаши од криза, Шпанија - од одлив на туристи

Европа ги пресметува загубите од мерките кои ги воведе Русија како одговор на санкциите на ЕУ. Сумата на загубите, според досегашните пресметки, ќе изнесува од половина милијарда до милијарда евра за секоја држава која е опфатена од санкциите.

Европа ги пресметува загубите од мерките кои ги воведе Русија како одговор на санкциите на ЕУ. Сумата на загубите, според досегашните пресметки, ќе изнесува од половина милијарда до милијарда евра за секоја држава која е опфатена од санкциите.

Како што пишува британскиот весник The Guardian, Русија за Европа е втор по големина пазар за извоз на своите стоки. Вкупниот обем на извоз во Русија во 2013 изнесувал 12,2 милијарди евра.

Новинарите во Guardian забележуваат дека Велика Британија нема да настрада од руските санкции, додека некои други држави во ЕУ далеку повеќе ќе настрадаат од нив. Британија нема да претрпи големи штети, додека Шкотска забележително повеќе ќе настрада поради структурата на нејзиниот извоз во Русија. Секоја година шкотските рибари извезуваат руба во Русија во вредност не помала од 21 милион евра.

Во Франција руската забрана за увоз на продукти ја нарекоа „трагична“ за локалните фармери. Француските фармерски здруженија веќе изјавуваат дека земјоделието во државата и онака „не доживува ренесанса“ во моментов, а руските санкции само ќе ја влошат и онака тешката положба. Посебно ќе настрадаат произведувачите на овошје, смета Лук Барбје, раководител на Националната федерација за производство на овошје.

„Русите нема да прекинат да јадат јаболка и праски, но сега нив ќе ги купуваат не во Европа, ами во Азија, Бразил, Јужна Африка и така натаму. Кога санкциите ќе прекинат, нам ќе ни требаат години за да се вратиме на претходното ниво на извоз во Русија. Тоа ќе биде трагедија“, ги пренесува неговите зборови францускиот весник The Local. Треба да се спомне дека Франција минатата година извезла во Русија земјоделски продукти во вредност од 1,2 милијарди евра, што е 6,5% од вкупниот извоз.

Шпанија се плаши дека државата ќе изгуби стотици милиони евра поради руските санкции. Во 2013 година обемот на извоз на шпански продукти во Русија изнесувал 581.000.000 евра. 312 милиони - приход од овошје и зеленчук, 112 милиони - месо, 13 милиони - морски продукти. Не само тоа, Шпанија во последниве години бележи нагорен тренд во извозот во Русија. Минатата година вкупната трговија со Русија изнесувал 11 милијарди евра. Освен тоа, Шпанија се плаши дека санкциите силно ќе удрат и по туристичката сфера. Во минатата година повеќе од 500.000 туристи од Русија одмарале во Шпанија.

Последици од руските санкции ќе има и за Данска, каде прехранбената индустрија може да претрпи големи штети, а за Финска состојбата е најлоша, бидејќи 10% од финскиот извоз веќе заминува во Русија. И не само тоа, руските туристи во државата трошат околу 2 милијарди евра годишно. Премиерот на Финска изјави дека санкциите можат да бидат причина за нова економска криза во Финска.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња