Полски министер: Путин објави економска војна на Европската унија и САД

Министерот за земјоделство на полска, Марек Савицки, ја коментираше забраната за увоз на стока од земјите кои ги поддржуваат санкциите против Русија, пренесуваат руските медиуми.

Министерот за земјоделство на полска, Марек Савицки, ја коментираше забраната за увоз на стока од земјите кои ги поддржуваат санкциите против Русија, пренесуваат руските медиуми.

Според неговите зборови, овие санкции против ЕУ и другите земји ги кршат правилата на Светската трговска организација и можат да станат причина за исклучување на Русија од таа организација.

„Русија не ги почитува меѓународните договори кога смета дека постои штета и опасност по нејзините интереси. Пред една недела завршивме со еден чекор кој треба да ја регулира ситуацијата со забраната за увоз на полско овошје и зеленчук. Тоа е кршење на условите на СТО. Не очекувавме дека Русија ќе отиде и подалеку. Забраната за увоз за целата Европска унија е кршење на прописите“, објасни Савицки. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња