Поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден, доби уште три години престој на територијата на Русија, пренесува кореспондент на „Газета.ру“.
Ова го изјави неговиот адвокат Анатолиј Кучерена. Тој исто така уточни дека продолжувањето на престојот била исклучително негова иницијатива.
„Зборувајќи за понатамошниот статус, сега тој може слободно да се движи и вон земјата во период не поголем од 3 месеца. За 5 години тој ќе може да аплицира и за добивање руско државјанство“, изјави Кучерена.
Адвокатот забележа дека сите решенија за движењето на Сноуден низ државата тој ги носи сам, и додаде дека не се разгледува прашањето за политички азил во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.