Личното познанство на претседателот на Русија, Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел не ја спречи кризата на односите меѓу Москва и Берлин, пишува The Financial Times. Според мислењето на весникот, станува збор за најлошата руско-германската криза од времето на „студената војна“.
„За време на телефонските разговори меѓу Владимир Путин и Ангела Меркел тие користат руски и германски. Двајцата толку слободно владеат со тие јазици, што можат да ги поправаат сопствените преведувачи кои обично помагаат во официјалните преговори“, се кажува во статијата.
Сепак, личното пријателство на лидерите на Русија и Германија не помогна да се одбегне кризата меѓу Москва и Берлин, смета весникот. Преломен момент стана решението на Германија да ги поддржи секторските санкции на ЕУ против Русија.
Таквиот развој на случувањата предизвикува појава на „тешки прашања“ за иднината на врските меѓу Берлин и Москва. Сегашната криза, според мислењето на весникот, е тест за Германија, која најчесто не сака многу да се меша во геополитиката.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче