Првиот заменик на јавниот обвинител на Русија, Александар Буксман, изјави дека само една десеттина од странците кои се наоѓаат на територијата на Русија работат во државата законски, пренесува РИА „Новости“.
Тој подвлече дека во 2013 година три пати биле организирани проверки во сферата на емиграцијата, и како резултат биле откриени 60.000 нарушувања на законот.
Според зборовите на Буксман, проверките активно се спроведуваат и во текот на оваа година: во периодот од јануари до април откриени се 20.000 нарушувања.
„Сепак, тоа е капка во морето, ако се има предвид дека од 11,2 милиони емигранти, законски во државата работат само околу 1,5 милиони“, забележа Буксман.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче