Владата на Русија го одреди списокот на прехранбени производи кои се најдоа под санкции

Владата на Русија воведе целосна забрана за увоз на говедско месо, свинско месо, птичјо месо, риба, кашкавали, млеко и овошје и зеленчук од Австралија, Канада, ЕУ, САД и Норвешка во времетраење од една година. Ова го изјави Дмитриј Медведев, премиер на Руската Федерација, за време на состанокот на кабинетот на министри.

„Русија воведува целосна забрана за испорака на говедско, свинско месо, овошје и зеленчук, птичјо месо, риби, кашкавали, млеко и млечни продукти од државите на Европската унија, САД, Австралија, Канада и Норвешка“, изјави тој.

Притоа, санкциите кои се воведоа од Русија како одговор на дејствата на Западот нема да се однесуваат на храната за деца и стоките кои луѓето самите ќе ги купуваат во странство, подвлече Медведев.

Премиерот додаде дека „ограничувањата се воведуваат во рок од една година, но ако нашите партнери покажат конструктивен приод во соработката со нас - владата на Русија е подготвена да ги ревидира роковите на овие мерки“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

This website uses cookies. Click here to find out more.

Accept cookies