Надворешнотрговската размена на Русија во првите шест месеци е намалена за 2% до 396,3 милијарди долари.
Позитивното салдо од трговската размена до државите вон ЗНД е зголемено за 3,6 милијарди долари и изнесува 94,1 милијарди долари, додека со државите на ЗНД - за 4,5 милијарди долари и изнесува 18,9 милијарди долари.
Извозот на Русија од јануари до јуни 2014 е на ниво на минатогодишниот - 254,7 милијарди долари.
Увозот во Русија во истиот период е намален за 5,4% и изнесува 141,6 милијарди долари.
Уделот на ЕУ во руската трговија од јануари до јуни 2014 година, во споредба со истиот период во 2013 година, е намален од 50,4 на 49,5%, додека уделот на државите на ЗНД е намален од 13,3 на 12,9%.
Основни трговски партнери на Русија од јануари до јуни 2014 година се Кина (раст на трговијата за 3% до 43 милијарди долари), Холандија (намалување од 5,3% до 37,7 милијарди долари), Германија (раст од 1,5% до 35,3 милијарди долари), Италија (намалување од 4,2% до 25,1 милијарди долари), Турција (раст од 0,8%), Јапонија (намалување од 1,9%), САД (раст за 20,3%), Јужна Кореја (раст од 9%), Полска (намалување за 1,3%) и Велика Британија (намалување за 2,4%).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче