Претседателот на Русија, Владимир Путин издаде указ за примена на специјални економски мерки со цел да се зачува безбедноста на Руската Федерација, соопштено е на прес-службата во Кремљ, а пренесува РИА „Новости“.
Документот е потпишан „со цел да се заштитат националните интереси на Руската Федерација“. Во соопштението се наведува дека указот стапува на сила на денот на потпишувањето.
Претседателот на Русија донесе забрана за увоз во период од една година на земјоделски производи, суровини и прехранбени производи од земјите кои воведоа санкции кон Руската Федерација, соопштува прес-службата на Кремљ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче