Властите на Европската унија се подготвени за преговори со руската власт. Како што пренесува Deutsche Welle, ова е изјавено од страна на Рихард Кјунел, официјален претставник на Европската комисија во Германија.
„Ние сакаме да ја надминеме логиката на санкциите, сакаме да седнеме со Русите на преговарачка маса и заедно да разговараме за понатамошниот пат за развој на случувањата во Украина“, изјави Кјунел.
Според неговите зборови, Украина е важен партнер за Европа и за Русија, бидејќи поставувањето на прашањето на основа „или-или“ (или зближување на Украина со ЕУ, или со Русија) треба да се замени со „и-и“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче