Западни медиуми: Обама погрешно ја проценува Русија

Претседателот на САД, Барак Обама, погрешно ја процени Русија, се кажува во статија на весникот Forbes. Авторот на статијата напомнува дека неодамна американскиот лидер дал интервју за The Economist. Според мислењето на авторот, неколку гледни точки на Обама може да се стават под знак прашалник.

Шефот на САД изјави дека „емигрантите“ не одат во Москва „барајќи успех и нови можности“. Авторот на статијата пишува: „Едно од првите нешта кои се забележуваат во Москва - е огромниот број емигранти од Централна Азија“. Според мислењето на авторот, невозможно е да не се забележат таквите луѓе во Москва.

Во статијата авторот го критикува мислењето на Обама, според кое средниот животен век на Русинот изнесува 60 години. Авторот на статијата, од своја страна ја цитира руската статистика, според која во 2013 година средниот животен век на Русите бил 65 години. Со други зборови, грешката на Обама изнесува 8%, се кажува во материјалот.

И на крај, во забелешката се наведува цитат н а Обама за бројноста на руското население, односно негово намалување. „Луѓето од политичката елита на САД секогаш прават големи грешки“ кога зборуваат за руската демографија, тврди авторот на статијата. Според неговите зборови, во Русија има не пад, туку раст на бројот на населението. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња