Руските научници го определија местото на можното слетување за идните мисии на Месечината - апаратите „Луна-Глоб“ и „Луна-Ресурс“, чии лансирања се планирани за 2019 година и 2023 година, пренесува кореспондент на „Газета.Ру“.
Ова на Меѓународната астрономска асамблеја го изјави академикот Михаил Маров од Институтот за геохемија и аналитичка хемија од Институтот „В.И. Вернадски“ при Руската академија на науки.
Според неговите зборови, за обезбедување на безбедно слетување се барала област со стрмнина не поголема од 7 до 10 степени. Првично биле определени три соодветни места.
Притоа, во Институтот научниците бараат на местото на слетување на нема камења со поголем дијаметар од 0,5 метри. Поради тоа, најпогоден за слетување е кратерот Богуславски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче